• среда, 17 април 2024

Нестабилно со пороен дожд и грмежи и следните денови, температурите без поголема промена

Нестабилно со пороен дожд и грмежи и следните денови, температурите без поголема промена

Скопје, 7 јуни 2023 (МИА) - Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.

Во Скопје попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што информира УХМР, утре и во следните денови на повеќе места во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Температурите ќе бидат без поголема промена. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан