• вторник, 05 ноември 2024

Неправилно одлагање отпад во седум скопски општини во август, изготвени 52 записници

Неправилно одлагање отпад во седум скопски општини во август, изготвени 52 записници

Скопје, 14 септември 2023 (МИА) - Еко-патролата на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје изготви вкупно 52 едукативно-информативни записника за лица и правни субјекти коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад во скопските општини Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Бутел и Ѓорче Петров, известуваат од ЈП „Комунална хигиена“ Скопје.

Како што информираат од претпријатието, Еко-патролата врши секојдневен надзор и дежурства на дваесетина локации во сите скопски општини каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. 

-Воедно, во рамките на тековната седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија приближно 180 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани на улиците „Крсте Асенов“ и „Методија Митевски“ во општината Чаир, на улицата „Алија Авдовиќ“ во општината Гази Баба, како и во непосредна близина на фонтаната во Градскиот парк, се вели во соопштението. сх/лв/

Фото: 

Остани поврзан