• среда, 01 мај 2024

Нема непосредна закана за Бугарија во врска со ситуацијата на Блискиот Исток, соопшти Советот на министри

Нема непосредна закана за Бугарија во врска со ситуацијата на Блискиот Исток, соопшти Советот на министри

Нема непосредна закана за Бугарија во врска со ситуацијата на Блискиот Исток, соопшти Советот на министри

Софија, 14 април 2024 – Нема непосредна закана за националната безбедност на Бугарија, соопшти Советот на министри (МС) по воздушниот напад на Иран врз Израел. Поради состојбите на Блискиот Исток, рано утринава вршителот на должноста премиер Димитар Главчев свика работна средба на која учествуваа вршителите на должноста министри за одбрана Атанас Запријанов и за транспорт и врски Георги Гвоздеиков, заменик министерката за надворешни работи Марија Димитрова, началникот на одбраната Емил Ефтимов, како и претставници на безбедносните служби.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

„Нашата главна задача е да го зачуваме животот и здравјето на бугарските граѓани во регионот“, изјави в.д. премиерот Главчев. Досега до Министерството за надворешни работи нема пристигнато никакви барања за евакуација. Во оваа фаза нема потреба од свикување на Советот за безбедност при Советот на министри, соопштија и од владината прес-служба.

Шефот на државата Румен Радев со загриженост го следи развојот на конфликтот на Блискиот Исток и ја осудува ескалацијата на тензиите, соопшти прес-службата на претседателот. Сите земји во регионот треба да се воздржат од понатамошна употреба на сила“, се вели во соопштението.

Шефот на државата е во постојан контакт со бугарската влада и безбедносните служби за да се гарантира животот и безбедноста на бугарските граѓани на Блискиот исток и доколку е потребно и нивна евакуација од регионот, информираат од прес-службата на претседателот.

Владата на Бугарија внимателно го следи развојот на ситуацијата и е подготвена да ги преземе неопходните активности за заштита и гарантирање на безбедноста на бугарските граѓани во регионот, објави МНР на социјалната мрежа „Икс“. Бугарија е длабоко вознемирена од неприфатливиот ирански напад врз Израел. Ова е невидена ескалација што претставува сериозна закана за регионалната безбедност, се истакнува во твитот.

Категорично го осудувам неприфатливиот воздушен напад на Иран врз Израел, напиша в.д. министер за внатрешни работи Калин Стојанов на својот Фејсбук профил. „Потребна е итна деескалација на Блискиот Исток и воспоставување траен мир“, истакна тој.

„Силно го осудувам смелиот ракетен и напад со дронови што Иран го изврши против Израел оваа ноќ“, коментираше лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов на својот Фејсбук профил.

Нападот го сметаме за неодговорен и неоправдан, опасен за мирот и безбедноста во целиот регион, стои во ставот „Продолжување на промените“ испратен до медиумите.

Според лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов, Бугарија има двојни стандарди во надворешната политика. Според него, израелскиот напад врз Конзулатот на Иран во Дамаск бил „премолчен“, а одговорот на Иран кон Израел бил „веднаш осуден од Министерството за надворешни работи“.

Израел синоќа соопшти дека Иран упатил повеќе од 200 беспилотни летала и проектили на негова територија и повика на итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради нападот. Иран соопшти дека нападот бил одговор на нападот врз неговиот конзулат во Дамаск на 1 април, во кој загинаа високи ирански воени лица.

Поради тензиите во регионот откажани се и летовите од Софија до градовите на Блиски Исток.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан