• недела, 22 декември 2024

Неколку специфични европски специјалитети

Неколку специфични европски специјалитети

Лондон, 28 мај 2024 (МИА) - Познато е дека Европа изобилува со добри места за закуска... Британски „Гардијан“ посочува неколку земји, заедно со дел од јадењата и рестораните, се вели, каде што може најмногу да се ужива.

Свежа морска храна во Грција

На пазарот „Варвакиос агора“ во Атина, морските плодови се толку свежи што воздухот мириса на море, пишува „Панкуфер“ (Punkufer). Во ресторанот „Хасапика“, на пр., може да се одбере риба, но и гостинот да наведе како сака таа да се подготви. Меѓу понудите се и печен октопод, „Севиче“ (Ceviche) од лосос, огромни пржени ракчиња. Но, најважното - специјалитетот е јадењето наречено „Тава Хасапика“ - рачно изработени тестенини полно ракови и школки, во сос од домати.

Според многумина, една порција е доволна за тројца, иако се нарачува за двојка. Цена: 28 евра.

„Пјероги“ во Краков

Во полскиот град Краков, на три минути пешачење од главниот плоштад, се стигнува до ресторанот „Но бонс“ (No Bones). За нешто повеќе од седум евра тука се добива чинија „Пјероги“ - полнети кнедли од тесто. Додека сте тука, се препорачува посета на замокот „Вавел“, па Еврејскиот Кварт итн.

Ролнички од месо во Букурешт

На пазарот „Обор“, којшто се наоѓа северозападно од стариот дел од главниот град на Романија, посетителите ќе наидат и на гостилницата „Тераса Обор“ - место за уживање во скара. Тука се препорачува јадењето „Мика“ - мали ролнички од говедско или јагнешко месо.

Среде раздвижениот пазар, ова е омилено место меѓу околното население. Порција ролнички месо чини пет леи (околу едно евро), а се служи со сенф.

Печена туна во португалска Мадејра

Сместен под ѕидовите на средновековна тврдина, над карпестиот брег, „Сантијаго Бич бар“ во градот Фуншал (родното место на Кристијано Роналдо) е место каде што, ако нарачате тенко исечена, печена туна, според преданието, ќе го почувствувате „мирисот и дивината на океанот“, од којшто туната е уловена истиот тој ден.

Загорени шпагети во јужна Италија 

Шпагетите „Ал-асасина“, познати и како „spaghetti bruciati (загорени шпагети)“, е специјалитет на јужна Италија. Се варат на тивок оган додека не станат крцкави, т.е. делумно изгорени.  си/

Фото: Википедија

Остани поврзан