• петок, 22 ноември 2024

На Франческа Албанезе ќе и биде забранет влез во Израел и во окупираните палестински територии

На Франческа Албанезе ќе и биде забранет влез во Израел и во окупираните палестински територии

Тел Авив, 12 февруари 2024 (МИА) - На специјалниот известувач на ОН за палестинските територии Франческа Албанезе ќе и биде забранет влезот во Израел, соопштија денеска во заедничка изјава израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац и министерот за внатрешни работи Моше Арбел. Според Гардијан, оваа изјава се однесува и на окупираните палестински територии.

Како што пишува „Џерусалим пост“, оваа изјава доаѓа откако Албанезе вчера изјави дека масакрот на 7 октомври е „одговор на израелското угнетување“.

Албанезе уште во април минатата година изјави дека „не исклучува дека може да има насилство од палестинска страна“, но подвлече дека тоа е „реакција на постојаните провокации на кои се изложени Палестинците“. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан