• понеделник, 23 декември 2024

На територијата на цела држава изречени 245 казни за сообраќајни прекршоци, 39 биле без возачка дозвола

На територијата на цела држава изречени 245 казни за сообраќајни прекршоци, 39 биле без возачка дозвола

Скопје, 28 април 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 16.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 245 санкции за сообраќајни прекршоци.

При контролата, санкционирани се 39 возачи за возење без возачка дозвола, пет возила биле нерегистрирани...

Од МВР денеска информираа дека на вонреден технички преглед биле упатени 35 возила, а кај 11 биле констатирани технички неисправности.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/нд/

Фото:МИА

Остани поврзан