• понеделник, 23 декември 2024

На територијата на Скопје вчера изречени 183 мерки за сообраќајни прекршоци

На територијата на Скопје вчера изречени 183 мерки за сообраќајни прекршоци

Скопје, 26 февруари 2022 (МИА) - На територија на град Скопје вчера се изречени 183 мерки за сообраќајни прекршоци, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 44 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 15 санкции за возење без возачка дозвола, соопшти МВР.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за возач почетник, две мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила, девет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 35 за непрописно паркирање.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, нагласува МВР. ац/

Остани поврзан