• сабота, 18 мај 2024

На „Ролан Гарос“ поставен рекорд

На „Ролан Гарос“ поставен рекорд

Париз, 31 мај 2023 (МИА) – На Грен слемот „Ролан Гарос“ е поставен рекорд по одигрувањето на натпреварите во првото коло. Почетната рунда на Отвореното првенство во Франција донесе 21 натпревар во пет сета.

 

Ова е рекорд на Опен ерата на сите досегашни Грен слем турнири.

 

На првиот натпреварувачки ден имаше пет натпревари во пет сета, на вториот седум, а вчера девет меча добија победник по петтиот сет.

 

Првото коло на „Ролан Гарос“ почна во неделата. Турнирот ќе трае до 11 јуни. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан