На натпреварот меѓу репрезентациите на Франција и Израел ќе има засилени безбедносните мерки
- Во Франција ќе бидат засилени безбедносните мерки за натпреварот на репрезентацијата против селекцијата на Израел во петтото коло од Лигата на нации, пренесува „RMC Sport“.
Париз, 17 октомври 2024 (МИА) - Во Франција ќе бидат засилени безбедносните мерки за натпреварот на репрезентацијата против селекцијата на Израел во петтото коло од Лигата на нации, пренесува „RMC Sport“.
Според францускиот спортски портал, причина за овие мерки е зголемената терористичка закана.
Предвидено е сите навивачи да бидат детално прегледани пред да влезат на стадионот. Внатре во арената ќе бидат присутни и зголемен број службеници за спроведување на законот.
Репрезентацијата на Франција ќе биде домаќин на Израел на 14 ноември. Натпреварот ќе се одигра на „Стад де Франс“ во предградието на Париз. зс/
Фото: ЕПА