• недела, 07 јули 2024

На Вардариште запалени гуми и ниска вегетација, регистрирани уште седум пожари на отворено

На Вардариште запалени гуми и ниска вегетација, регистрирани уште седум пожари на отворено

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - Осум пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Пожарникарите интервенирале за гаснење во Гази Баба кај депонија Вардариште (гореле гуми и ниска вегетација, а опожарена е површина од еден хектар), Битола кај Магленица, Прилеп во близина на армискиот гарнизон, Гевгелија с. Мрзенци, Богданци во атарот на Богданци (ниска вегетација), Кавадарци кај населба „Глишиќ“, на месноста „Смилица“ (ниска вегетација - изгорена површина еден хектар), Липково кај с. Матејче (ниска вегетација) и во Општина Ранковце кај с. Гиновце (горела мешана шума и е изгорена површина од еден хектар).са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан