• понеделник, 24 јуни 2024

Најубавите езера за одмор во Европа

Најубавите езера за одмор во Европа

Лос Анџелес, 24 јyни 2024 (МИА) - Светски познатата платформа за патувања, „Лонли планет“ (Lonely Planet) објави топ-листа на некои од најубавите езера во Европа. Од нив, четири се на Балканот - по две во Хрватска и Словенија.

„Морските брегови и прекрасните плажи во Европа привлекуваат големо внимание налето, но не треба да се занемарат ниту езерата на континентот. Италија може да се пофали со прекрасни езера опкружени со планини, а и езерата во Хрватска и Англија се вистинска сензација. Без оглед дали сакате да пливате или само да се опуштите, Европа има доволно езера за секоја авантура“, се вели во написот.

На списокот се наоѓаат двете солени езера на Островот Мљет - Мало и Велико Езеро, а во близина е и Островот Света Марија, Националниот парк Мљет, како и познатиот Дубровник. На списокот се најдоа и Бледското и Бохињското Езеро во Словенија.

Топ-листата ги посочува и езерата Лаго ди Левико и Лаго ди Калдонацо (Италија), Езерото Гарда (Италија), Констанца (Германија, Швајцарија, Австрија), Анеси (Франција), Сен Кроа (Франција) и Батермер и Крамок Вотер (Англија).  си/ми/

Фото: Википедија

Остани поврзан