• сабота, 06 јули 2024

Најстудено на Попова Шапка -8 степени, најмногу дожд во Битола

Најстудено на Попова Шапка -8 степени, најмногу дожд во Битола

Скопје, 17 март 2023 (МИА) - Утрово најниска температура од -8 степени е измерена на Попова Шапка. Со -6 степени следи Маврови Анови, -5 Крушево, -1 Берово, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Дебар, 0 Крива Паланка, Виница, 1 Тетово, Штип, Струмица, 2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија, Дојран, 3 Скопје-Петровец, 4 Гевгелија.

Најмногу наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот е регистриран во Битола - 6 литри на м2, потоа Демир Капија, 4 Берово, Дојран, 2 Крива Паланка, Тополчани, Виница, 1 Прилеп, Гевгелија, Ѓуриште.

Во Крушево, висината на снежната покривка во 7 часот била 10 сантиметри, во Берово три, Ѓуриште - 2, Попова Шапка, Битола и Тополчани - 1.

Времето денеска променливо облачно со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени. мс/лв/

Остани поврзан