На денешен ден
- 1777.- Роден е рускиот цар Александар Први Павлович Романов. Тој е познат по спроведувањето на серија пролиберални реформи од самиот почеток кога седнал на престолот во 1801 па речиси до неговата смрт во 1825 година. Во 1807 година склучил сојуз со францускиот цар Наполеон Први против кого претходно војувал во сојуз со Австрија, Прусија и Англија. Од Шведска ја презел Финска, која во 1809 година била приклучена на Русија како големо кнежество под руската круна. Кон Русија ја припоил Полска освен деловите кои им припаѓале на Прусија и Австрија. Сојузништвото било раскинато со Наполеоновиот поход на Русија во 1812 година, кога француската армија го претрпела пресудниот пораз, а Александар Први триумфално влегол во Париз. Во вториот период од владеењето ги напуштил пролибералните тенденции и станал вистински мистик.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.