• петок, 22 ноември 2024

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Скопје, 14 февруари 2024 (МИА) - На Попова Шапка изутрина во 7:30 часот  се измерени -4 степени, -2 во Лазарополе, -1 во Маврови Анови, а нула степени во Крушево и Охрид. Три степени се измерени во Берово, четири во Прилеп, Претор и Крива Паланка, пет во Битола, Тетово и Виница, шест во Штип, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Куманово, седум во Велес, Струмица и Кавадарци, осум во Дојран и Демир Капија и 10 во Гевгелија.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека на Попова Шапка има девет сантиметри снег.

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Охрид -1 литар на метар кавдратен.

УХМР информира дека во текот на ноќта и изутринава времето беше променливо облачно и ветровито. Дуваше претежно северен ветер кој долж Повардарие и на исток беше засилен. Утринава најсилен е ветерот во Штип и достигнува брзина од 40 километри на час, а засилува и ветерот во Скопската котлина.

Претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а од пладневните часови облачноста ќе се намалува. Од изутрина и преку денот ќе дува умерен, а особено долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а од пладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 13 степени. мд/цр/

Остани поврзан