• петок, 17 мај 2024

Најмалку 44 луѓе загинаа во пожар во Бангладеш (ДПЛ)

Најмалку 44 луѓе загинаа во пожар во Бангладеш (ДПЛ)
Дака, 5 јуни 2022 (МИА) - Во голем пожар што синоќа избувна во магацин за контејнери во југоисточниот дел на Бангладеш загинаа најмалку 44 луѓе, а повеќе од 170 се повредени. Меѓу загинатите петмина се пожарникари, а повредените се 40 се пожарникари и 10 полицајци. Пожарот се случи во контејнерски објект во Ситакунди, на 40 километри од пристанишниот град Читагонг, предизвикувајќи големи експлозии, што ги оштетија куќите во близина. Сè уште е непозната причината за пожарот. ми/

Остани поврзан