• петок, 09 август 2024

Најмалку 40 Палестинци загинаа во израелските воздушни напади низ Појасот Газа

Најмалку 40 Палестинци загинаа во израелските воздушни напади низ Појасот Газа

Газа, 8 август 2024 (МИА) - Најмалку 40 лица загинаа денеска во израелски воздушни напади низ Појасот Газа.

Палестинските лекари соопштија дека најмалку 15 лица биле убиени во нападите во кампот Ал Бурај во центарот на Газа, каде што биле уништени и голем број куќи, додека четири лица биле убиени во кампот Нусејрат.

Претходно денеска 15 Палестинци загинаа, а 30 се повредени во бомбашки напади врз две училишта источно од градот Газа, соопшти службата за итни случаи.

Израелската војска соопшти дека ги нападнала командните и контролните центри на Хамас во училиштата Абдел-Фат Хамуд и Ал-Захра во населбата Туфа во градот Газа, каде што дејствувале милитантите на Хамас и оти погодила десетици воени цели низ Газа во последните 24 часа.

Министерството за здравство на Газа соопшти дека најмалку 39.699 Палестинци се убиени, а 91.722 се повредени во израелските напади од почетокот на конфликтот на 7 октомври. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан