• вторник, 25 јуни 2024

Најмалку 315 лица загинаа во поплавите во Авганистан, повеќе од 1.600 повредени

Најмалку 315 лица загинаа во поплавите во Авганистан, повеќе од 1.600 повредени

Кабул, 12 мај 2024 (МИА) - Најмалку 315 лица загинаа во поројните поплави што зафатија неколку провинции во Авганистан, а многумина се уште се водат како исчезнати, соопшти денеска авганистанското Министерство за бегалци. Над 1.600 луѓе се повредени.

Властите прогласија вонредна состојба откако обилните дождови во петокот предизвикаа поројни поплави кои зафатија села и обработливо земјиште во неколку провинции.

Во тек е операција за пребарување и спасување, а некои области се целосно отсечени. Северната провинција Баглан е една од најтешко погодените, со повеќе од 300 загинати и илјадници куќи уништени или оштетени.

Воздухопловните сили соопштија дека евакуацијата започнала по подобрувањето на временските услови, додавајќи дека повеќе од 100 повредени лица се пренесени во болници. Започна и дистрибуцијата на храна и лекови за населението во подрачјата погодени од поплавите.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изразува солидарност со народот на Авганистан и изразува сочувство до семејствата на жртвите, изјави неговиот портпарол, Стефан Дужарик. Тој изјави дека ОН соработуваат со локалните власти за давање помош. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан