• недела, 18 август 2024

Најмалку 18 лица загинаа во израелски воздушен напад врз Газа

Најмалку 18 лица загинаа во израелски воздушен напад врз Газа

Деир Ал-Балах, 17 август 2024 (МИА) - Насилството ескалира денеска во Појасот Газа каде во израелски воздушен напад загинаа најмалку 18 лица од само едно семејство.

Нападот се случи неколку дена откако Министерството за здравство во Газа, соопшти дека бројот на загинати во војната меѓу Израел и Хамас надмина 40.000 и само неколку часа откако официјални лица од САД, Египет и Катар ги завршија дводневните преговори за прекин на огнот.

Во заедничкото соопштение на тројцата посредници се вели дека е претставен предлогот за премостување на јазот меѓу Израел и Хамас и дека тие очекуваат да ги разработат деталите за тоа како да се спроведе евентуалниот договор следната недела во Каиро. мс/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан