• недела, 12 мај 2024

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Индонезија

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Индонезија

Џакарта, 4 мај 2024 (МИА) – Најмалку 14 лица загинаа во поплави и одрони на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија денеска локалните власти.

Силниот дожд што паѓа во областа од четвртокот предизвика лизгање на земјиштето во провинцијата Јужен Сулавеси, а беа погодени повеќе од 1.000 куќи, од кои 42 целосно се урнаа.

Екипите за пребарување и спасување ги евакуираат жителите со гумени чамци, изјави портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан