• петок, 21 февруари 2025

Најмалку 13 војници убиени во напади на исламистите во Сомалија

Најмалку 13 војници убиени во напади на исламистите во Сомалија

Могадишу, 20 февруари 2025 (МИА) - Најмалку 13 војници загинаа во нападите на исламистичката милиција Ал Шабаб врз три воени бази во Сомалија, јави денеска сомалиската војска, пренесе ДПА.

-Милитантите прво активираа автомобили-бомби пред да започнат напад во повеќе правци со своите тешко вооружени борци, изјави воениот портпарол.

Додека нападите врз две бази беа одбиени, нападот врз воен камп во близина на стратешки значајниот град Адан Јабал резултираше со жртви. Повредени се и повеќе од 20 војници, додаде тој.

Според владиниот портпарол, во борбите биле убиени повеќе од 130 исламисти. Во меѓувреме, Ал Шабаб, преку својата радио станица, објави дека убила повеќе од 100 војници и запленила многу оружје.

Информациите и од Ал Шабаб и од владата не можат да бидат независно проверени, додава германската агенција.

Исламистичката милиција Ал Шабаб со години се бори во земјата на Рогот на Африка, но изврши терористички напади и во соседните земји како Кенија и Уганда, потсетува ДПА.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан