• сабота, 27 април 2024

Најмалку 10 ракети се истрелани од Либан кон северен Израел, соопшти израелската армија

Најмалку 10 ракети се истрелани од Либан кон северен Израел, соопшти израелската армија

Тел Авив, 28 март 2024 (МИА) - Најмалку 10 ракети се истрелани денеска од Либан кон северен Израел, соопшти израелската армија.

Девет ракети биле пресретнати од системот за противвоздушна одбрана, се наведува во соопштението, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Нема извештаи за повредени или материјална штета.

Израелската војска, која го обвини Хезболах за нападот, соопшти дека нејзините војници со артилерија ги гранатираат местата за лансирање. 

Сирените за воздушна опасност се огласија претходно во неколку населени места во близина на границата со Либан. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан