• вторник, 19 ноември 2024

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Пекинг, 26 април 2024 (МИА) - Кина ќе биде домаќин на преговори меѓу палестинската исламистичка група Хамас и движењето Фатах за палестинско единство, објавија агенциите, цитирајќи ги двете организации и дипломат во Пекинг.

Движењето Хамас, со седиште во Појасот Газа, на 7 октомври минатата година изврши напад врз Израел во кој борците на Хамас убија 1.200 луѓе, а зедоа 253 заложници.

Израел вети дека ќе го уништи Хамас и започна воена операција во Газа во која досега загинаа повеќе од 34.000 Палестинци.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, денеска изјави дека гледа позитивна динамика во разговорите за ставање крај на војната во Појасот Газа и за ослободување на израелските заложници кои сè уште ги држи Хамас.

„Мислам дека има нов обид, кој ги вклучува Катар и Египет, како и Израел, да се најде начин за напред“, рече Саливан во интервју за Ем Ес Ен Би Си. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан