• сабота, 04 мај 2024

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Мадрид, 26 април 2024 (МИА) - Шпанските власти соопштија дека заплениле 25 тони хашиш скриен во камион со дињи кој доаѓал од Мароко и патувал за Франција.

Стоката вредна 50 милиони евра е откриена во пристаништето Алгесирас, на југот на Шпанија.

Хашишот бил скриен во камион, во 22 дрвени гајби. Крајната точка на неговото патување бил градот Перпињан, кој се наоѓа на југот на Франција.

Пратката е најголемиот товар хашиш запленет на шпанските патишта од 2015 година, кога властите запленија 48 тони хашиш скриен во камиони, исто така во Алгесирас.

Шпанија се смета за главната точка преку која хашишот што доаѓа од Мароко влегува во Европа. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан