• петок, 17 мај 2024

Најмалку три лица загинаа во невремето Хенк во Англија

Најмалку три лица загинаа во невремето Хенк во Англија

Лондон, 5 јануари 2024 (МИА) - Најмалку три лица загинаа кога бурата Хенк ги зафати Англија и Велс со обилни врнежи и поплави, што предизвика евакуација на луѓето во близина на реката Трент во Стафордшир.

Силните поплави продолжија вчера во делови од Англија, а жолтото метео предупредување беше во сила до рано утринава.

Поплавени се куќи и патишта, а пожарникарите им помагаат на загрозените граѓани.

Метеоролозите рекоа дека дождот паднал на веќе потопена земја и предупредија дека може да предизвика дополнителни поплави и прекин на сообраќајот.

Директната железничка линија меѓу Свиндон и Бристол Парквеј е прекината поради поплави.

Британската Агенција за животна средина соопшти дека го истражува излевањето на канализацијата од поплавената пречистителна станица во Сари, а портпаролот на агенцијата изјави дека канализацијата се излеала во Темза. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан