• петок, 26 април 2024

Најмалку три деца загинаа во вооружен инцидент во училиште во Нешвил

Најмалку три деца загинаа во вооружен инцидент во училиште во Нешвил

Вашингтон, 27 март 2023 (МИА) – Најмалку три деца загинаа откако напаѓач отвори оган во приватно христијанско училиште во Нешвил, Тенеси, соопшти локалната полиција.

- Можеме да потврдиме дека повеќе лица се хоспитализирани, објави противпожарната служба на Нешвил на Твитер.

Училиштето  во Нешвил, основано во 2001 година, има околу 200 ученици.

Полицијата соопшти дека е ликвидиран напаѓачот. ми/

Остани поврзан