• петок, 03 јануари 2025

Најмалку едно лице е повредено во руски напад на Киев, погоден и регионот Суми

Најмалку едно лице е повредено во руски напад на Киев, погоден и регионот Суми

Киев, 31 декември 2024 (МИА) – Најмалку едно лице е повредено во руски воздушен напад врз Киев, при што е причинета помала штета, додека нападите на регионот Суми предизвикале голема штета на инфраструктурата, соопштија украинските власти.

Во нападите на Киев е повредена една жена, а оштетени се три згради и три автомобили.

Руските сили истрелаа вкупно 13 ракети врз градот Шостка, во северниот дел на Суми, и оштетија 12 високи станбени згради, два образовни објекти, три котларници и една клиника, а оштетена е и дел од инфраструктурата. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан