• сабота, 04 јануари 2025

Американскиот актер Руди Јангблад уапсен во Атина, се соочува со депортација од Грција

Американскиот актер Руди Јангблад уапсен во Атина, се соочува со депортација од Грција

Атина, 3 јануари 2025 (МИА) – Поради закана со нож кон полицаец, американскиот актер Руди Јангблад познат по филмот „Апокалипто“ минатата седмица бил уапсен во атинска населба и ослободен, но било констатирано дека му е истечена визата и се соочува со депортација од Грција, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, 42-годишниот актер во Грција е за снимање на неговиот нов филм, а во раните утрински часови на 27 декември застанал пред полициска станица во населбата Кипсели, а со оглед на тоа што бил под дејство на алкохол, полицаец од станицата му се обратил да го праша дали е добар, по што Јангблад извадил нож и почнал да му се заканува на полицискиот службеник.

Веднаш бил уапсен и поради заканите и навредите и поради поседување оружје за што му била изречена условна казна и бил ослободен, но во меѓувреме било констатирано дека му е истечена визата и бил пренесен во Службата за странци и веројатно ќе треба да биде депортиран од земјата. ср/

Остани поврзан