• недела, 05 јануари 2025

Во Турција уапсени 42 членови на „Исламска држава“ во голема антитерористичка операција

Во Турција уапсени 42 членови на „Исламска држава“ во голема антитерористичка операција

Aнкара, 3 јануари 2025 (МИА) - Во Турција во големата операција против групата „Исламска држава“ се уапсени 42 нејзини членови, јавија турски медиуми.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја соопшти дека во акцијата која била спроведена на територијата на 17 (од вкупно 81) окрузи во земјата, меѓу кои Адана, Анкара, Истанбул и Едрене се приведени вкупно 42 лица.

Јерликаја прецизираше дека операцијата била спроведена под координација на окружните обвинителства и Управата за  борба против тероризмот на Генералната команда на жандармеријата од тимови од локалните команди на жандармеријата.

Како резултат на операциите, уапсени се 42 осомничени за кои е утврдено дека се членови на терористичката организација, ја финансирале и вршеле пропаганда за неа преку нивните профили на социјалните мрежи. Во рациите се запленети бројни документи и дигитални материјали на групата, истакна Јерликаја . рп/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан