• недела, 19 мај 2024

Најмалку еден човек загина при напад врз полициски комплекс во Тајланд

Најмалку еден човек загина при напад врз полициски комплекс во Тајланд
Бангкок, 22 ноември 2022 (МИА) - Најмалку едно лице загина денеска во експлозија на бомба во полициски комплекс  во јужниот дел на Тајланд, изјави заменик полициски комесар во провинцијата Наративат, потполковникот Нити Суксан. Во експлозијата повредени се 29 лица, а се стравува дека бројот на жртвите може да биде поголем. - Тоа беше автомобил-бомба. Сè уште ја чистиме областа и бројот на повредени може да се зголеми, истакна потполковник Суксан. Засега никој не презеде одговорноста за нападот. ми/

Остани поврзан