Најголемата меѓународна конференција за уметност и култура во Бугарија „SAF Talks“ ќе се одржи во рамките на Софискиот саем на уметност
- Втора година по ред, најголемата меѓународна конференција за уметност и култура во Бугарија - „SAF Talks“ ќе се одржи во рамките на Софискиот саем на уметност. Таа ќе ги собере водечките личности од меѓународната сцена во Софија, вклучувајќи директори на клучни институции, куратори, правни и културни експерти, објавија организаторите на изложбата.
Софија, 19 август 2025 (МИА/БТА) - Втора година по ред, најголемата меѓународна конференција за уметност и култура во Бугарија - „SAF Talks“ ќе се одржи во рамките на Софискиот саем на уметност. Таа ќе ги собере водечките личности од меѓународната сцена во Софија, вклучувајќи директори на клучни институции, куратори, правни и културни експерти, објавија организаторите на изложбата.
Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Тие забележуваат дека тридневната програма на конференцијата вклучува предавања, панели, модули со прашања и одговори, споделување на искуства и приказни, упатства и многу други интересни разговори и теми, презентирани од над 15 меѓународни говорници од Холандија, Франција, Шпанија, Унгарија, Велика Британија, Австрија и Бугарија.
Од 2 до 5 октомври, над 30 галерии и колективи од 12 земји ќе ги прикажат делата на млади и етаблирани уметници во рамките на Софискиот саем на уметност 2025. Темата на овогодинешното издание на меѓународната изложба за современа уметност е „Замисли“. Ќе им понуди на посетителите изложбени простори од над 4.500 квадратни метри, изложби во затворен и отворен простор, вклучувајќи скулптури со голем формат, единствена област за VR/AR проекти создадени специјално за настанот, дискусии и средби со уметници – „SAF Talks“, кураторски тури предводени од историчари на уметност.
Како што напиша БТА, Софискиот саем на уметност (SAF) е првата изложба на современа уметност во Бугарија, создадена со мисија за позиционирање на земјата на светската културна сцена. Првото издание во 2024 година привлече над 4.000 посетители, 29 галерии и колективи и претстави над 90 уметници. 90% од изложувачите остварија продажба – доказ за потребата од таква платформа во Бугарија. Преку програма како што е „SAF Talks“, вклучувајќи панели, предавања и професионални состаноци, изложбата ја поддржува меѓународната културна размена. Веќе во првото издание, SAF Talks привлече над 1.100 гледачи и учесници во својата програма, соопштија организаторите.
Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.
фото: БТА