• петок, 17 мај 2024

Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност

Скопје, 18 март 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Како што соопштија од УХМР, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и наместа ќе има услови за појава на слаб локален дожд.

Утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.  Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.бт/ев/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан