Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
- Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Скопје, 23 август 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а од недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има од среда. хс/бак/
Фото: МИА архива