• недела, 22 декември 2024

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Скопје, 26 март 2024 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници треба да одржат три собраниски комисии.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог-измените на Законот за стокови резерви кои се по скратена постапка, додека Комисијата за европски прашања треба да расправа по Предлог-законот за вино, како и за Предлог-измените на Законот за енергетска ефикасност и Законот за авторско право и сродни права. 

Сите овие законски решенија се на дневен ред на Законодавно-правната комисија. бак/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан