• сабота, 27 јули 2024

Саем „Начини до добро ментално здравје“, во организација на НМСМ и МТСП

Саем  „Начини до добро ментално здравје“, во организација на НМСМ и МТСП

Скопје, 25 јануари 2024 (МИА) - „Начини до добро ментално здравје“ е насловен на саемот што денеска ќе се одржи во просториите на Студентскиот културен центар – Скопје, во организација на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Министерството за труд и социјална политика. 

На саемот, како што соопштија од Националниот младински совет на Македонија, ќе биде промовирана Националната стратегија за ментално здравје на млади 2024 – 2026, која минатата недела беше разгледана и усвоена на седница на Владата, на предлог од Министерството за труд и социјална политика, а подготвена од страна на НМСМ.

Најавени се поздравни обраќања на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на НМСМ, Филип Ивковски.

Саемот ќе опфати интерактивна работилница за истакнување на потребата од грижата за менталното здравје, позитивниот пристап кон целокупното здравје и важноста на менталната хигиена, а ќе бидат претставени и целите и активностите на Стратегијата, нивното значење за младите, како и важноста од вклучувањето на младите во носењето на одлуки и креирањето на политики кои ги засегаат. цр/бак/

Фото:  Национален младински совет на Македонија

Остани поврзан