• сабота, 27 јули 2024

Промоција на три хаику книги во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје

Промоција на три хаику книги во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Три хаику книги, „Хаику миг” - хаику песни од 37 автори, „Мајчински муабети под праската” од  Даниела Ефтимова и „Бисерно клопче” од Оливера Јовановска, во издание на Институтот „Инаку” – Скопје, ќе бидат промовирани денеска во гимназијата „Никола Карев” во Скопје, во 13:30 часот.

Трите книги се библиофилски изданија во 111 примероци. 

На промоцијата ќе има и литературно читање.

Притоа, ќе му биде доделена и наградата “Хаикин” на писателот Александар Прокопиев за посебен придонес на планот на Хаику творештвото, а ќе биде отворена и ликовната изложба  „Очи” од писателот Христо Петрески. ир/са

 

Фото: Христо Петрески

Остани поврзан