• среда, 24 јули 2024

Промоција на книгата „Два опита (Конески и Старделов)“ од проф. д-р Иван Џепароски

Промоција на книгата  „Два опита (Конески и Старделов)“ од проф. д-р Иван Џепароски

Скопје, 5 март 2024 (МИА) -  Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во соработка со Филозофскиот фалултет на УКИМ денеска организира промоција на книгата „Два опита (Конески и Старделов)“ од проф. д-р Иван Џепароски, која ќе ја претстават рецензентите проф. д-р Ана Димишковска и проф. д-р Вангел Ноневски.

Според нив, монографијата „Два опита (Конески и Старделов)“ претставува оригинално конципирано, консеквентно изведено и длабински промислено дело, во кое е изложен врвен аналитичко-критички и херменевтички пристап кон аспектите што ги поврзуваат делата на двајцата великани на современата македонска интелектуална и книжевна култура – Блаже Конески и Георги Старделов.

Рецензентката Димишковска посочува дека повеќеслојноста на оваа монографија се изразува во фактот што таа не само што нуди драгоцени информации за нивниот живот, дело и творечки искуства, туку ги елаборира и суштинските аспекти од нивниот придонес на планот на книжевноста, книжевната критика, естетиката и филозофијата.

Рецензентот Ноневски, пак, забележува дека оваа книга е уникатен придонес кон нашата културна, филозофска и академска средина.

-Одбирајќи да ги претстави двајцата интелектуалци чии академски кариери биле заемно испрепелетени, авторот погаѓа во суштината на одбраната тема: овие двајца великани да се престават не како засебни фигури (иако и таквиот пристап би бил легитимен), туку како дејци чиј ангажман бил меѓусебно испреплетен и надополнувачки, наведува проф. Ноневски. хс/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан