Хеликоптер на МВР исфрли над 50 тони вода врз пожарот во реонот на Јасен
- Хеликоптерот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици при МВР дејствувал врз пожарот во реонот на Јасен, соопштија од МВР.

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - Хеликоптерот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици при МВР дејствувал врз пожарот во реонот на Јасен, соопштија од МВР.
- Во 20 налети исфрлени се над 50 тони вода, со што пожарот е локализиран и отстранета е опасноста да се прошири кон околните села, стои во соопштението од МВР. цр/вг/
Фото: МИА архива
видео: МВР