• среда, 24 јули 2024

Џафери во посета на општина Гостивар

Џафери во посета на општина Гостивар

Скопје, 1 март 2024 (МИА) -  Техничкиот премиер Талат Џафери денеска  ќе присуствува на увид во градежните активности на делницата Гостивар - Букојчани дел од Коридор 8, по што ќе има изјава за медиумите.

Како што информираат од владината прес-служба, во рамки на посетата на Општина Гостивар, Џафери ќе ја посети и Јавната здравствена установа - Општа болница „Ферид Мурад”, а ќе присуствува и на увид на градежните активности на патот Здуње - Дебреште. ар/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан