• петок, 17 мај 2024

Облачно со дожд на Велигден

Облачно со дожд на Велигден

Скопје, 16 април 2023 (МИА) - Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Наутро ќе има дожд во западните делови, а попладне и во вечерните часови локален пороен дожд и ретка појава на грмежи во најголемиот дел од земјата. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната од 13 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повремен дожд кој ќе продолжи и во ноќните часови. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои претежно во попладневните часови локално ќе бидат поројни и повремено проследени со појава на грмежи и ветерот кој до среда ќе биде од јужен правец. вј/бак/

Фото:  МИА архива

Остани поврзан