• петок, 05 декември 2025

Ведро и посвежо утро, сончево во текот на денот

Ведро и посвежо утро, сончево во текот на денот

Скопје, 19 септември 2025 (МИА) - Времето утрово е ведро и посвежо, преку денот ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа, долж Повардарието, повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје денеска ќе биде сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 30 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура. хс/са/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан