• четврток, 27 јуни 2024

Арсовска ќе им додели награди на матурантите - првенци на генерација

Арсовска ќе им додели награди на матурантите - првенци на генерација

Скопје, 8 јуни 2023 (МИА) - Под покровителство на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска во Младинскиот културен центар – Кино „Фросина“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“. 

Арсовска ќе им врачи специјални признанија и парични награди на 29 матуранти - првенци на генерацијата 2020-2023, 2019-2023 и првенци на генерација за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузија, од 23 скопски средни училишта.

Манифестацијата ја организира Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, во рамки на програмските активности на Градот во сферата на образованието, во функција на пошироката јавна промоцијата и афирмација на врвните постигања на средношколците и на иницијатива на Секторот за образование на Град Скопје. мч/са/

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан