• понеделник, 23 декември 2024

Цените на нафтата достигнаа највисоко ниво во последните пет месеци

Цените на нафтата достигнаа највисоко ниво во последните пет месеци

Лондон, 8 април 2024 (МИА) - Цените на нафтата се зголемија за повеќе од четири отсто минатата недела, достигнувајќи го највисокото ниво во последните пет месеци, што најмногу е последица на зголемените тензии на Блискиот Исток.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела скокна за 4,2 отсто, на 91,17 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 4,5 отсто, на 86,91 долар.

Трговците се загрижени и за нападите на украинските беспилотни летала врз рафинериите во Русија, кои, според пресметките на Ројтерс, можеби блокирале околу 15 отсто од рускиот капацитет за преработка на нафта.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците на картелот, вклучително и Русија, ја потврдија, сепак, на минатонеделниот состанок одлуката за ограничување на производството, барајќи од поединечните земји построго да се придржуваат до доделените квоти.

„Построго следење на усогласеноста со квотите треба да резултира со дополнителни намалувања на производството во второто тримесечие“, напишаа аналитичари во белешка до клиентите. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан