НАСА откри метален објект на Марс
- „Љубопитност“ сега ја истражува планината Шарп во кратерот Гејл. Метеоритот не е особено голем - има дијаметар од околу 30 сантиметри и еден од откриените неколку метеорити во тоа подрачје...
Хјустон, 8 февруари 2023 (МИА) - Роверот на НАСА, „Љубопитност“ (Curiosity), што се наоѓа на Марс, откри необично парче метеорит, кој главно се состои од никел и железо. Името што го доби е: Какао.
„Љубопитност“ сега ја истражува планината Шарп во кратерот Гејл. Метеоритот не е особено голем - има дијаметар од околу 30 сантиметри и еден од откриените неколку метеорити во тоа подрачје... Но, само уште еден е „метален“ - тн. „Јајце камен“ (Egg Rock) бил откриен 2016 година, со големина на топче за голф.
Никелни и железни метеорити се меѓу најретките видови и сочинуваат околу шест отсто од познатите метеорити. „Какао“ и визуелно се издвојува од својата околина. Имено, површината на Марс е црвена поради оксидите, а метеоритот е темно-сив и изгледа како метал. Освен тоа, тој е прилично мазен и заоблен во одредени делови, што укажува дека минал низ атмосферата на планетата пред да се забие во нејзината површина.
Иако атмосферата на Марс е многу потенка од онаа на Земјата, таа сепак создава доволно триење за да ја загрее површината на метеоритот. Вдлабнатините на „Какао“ најверојатно биле создадени од загревањето што делумно го стопило металот додека паѓал низ атмосферата. си/сд/