Комедијата „Хаотичните сестри и пингвинот Пол“ во киносалите во Скопје и во Битола
- Германската комедија, „Хаотичните сестри и пингвинот Пол“ на режисерот Мајк Марцук од денеска се прикажува во македонските киносали. Филмот се прикажува во Кинотека во Скопје и кино „Манаки“ во Битола во терминот од 18 часот и во Центарот за култура Битола (мала сала) од 19 часот.

Скопје, 13 март 2025 (МИА) - Германската комедија, „Хаотичните сестри и пингвинот Пол“ на режисерот Мајк Марцук од денеска се прикажува во македонските киносали. Филмот се прикажува во Кинотека во Скопје и кино „Манаки“ во Битола во терминот од 18 часот и во Центарот за култура Битола (мала сала) од 19 часот.
Од денеска до идната среда филмот е на репертоарот на киното „Милениум“ во Скопје, во работни денови во 18 часот, а за викенд во 16 часот.
Филмот е во дистрибуција на „Узенгија“ од Скопје, а со поддршка од German Films.
Како што информира „Узенгија“, „Хаотичните сестри и пингвинот Пол“ е адаптација на популарната книга „Die Chaosschwestern“ на Дагмар Х. Милер и ги носи познатите ликови на големото платно со неверојатна доза забава и емотивни моменти. мд/са/
Фото: „Узенгија“ од Скопје