Откажано лансирањето на „Спејс-Икс“ за замена на екипажот на МВС
- Ракетата на „Спејс-Икс“ требаше да полета од Вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал вчера приквечер, со екипаж од двајца астронаути од САД и по еден од Јапонија и Русија.

Кејп Канаверал, 13 март 2025 (МИА) - „Спејс-Икс“ во последен миг го откажа лансирањето на ракетата за замена на посадата на Меѓународната вселенска станица, што требаше да го почне и долгоочекуваното враќање на американските астронаути Буч Вилмор и Сани Вилијамс.
Вилмор и Вилијамс се заглавени на МВС девет месеци по пристигнувањето со нефункционалниот „Боинг Старлајнер“. Воздухоплловно-вселенската компанија „Спејс-Икс“ вчера го откажа летот поради технички дефект и проблеми со лансирната рампа на ракетата, соопштија официјалните лица за време на директниот пренос од одбројувањето пред лансирањето.
Ракетата на „Спејс-Икс“ требаше да полета од Вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал вчера приквечер, со екипаж од двајца астронаути од САД и по еден од Јапонија и Русија. Времето на следната прилика за лансирање не е објавено. си/сд/
Фото: МИА архива