• сабота, 27 април 2024

Наполи сака да го задржи во тимот Кварацхелија до 2029 година

Наполи сака да го задржи во тимот Кварацхелија до 2029 година

Неапол, 28 март 2024 (МИА) – Грузискиот репрезентативец во Наполи, Квича Кварацхелија може да потпише нов договор со тимот во блиска иднина.

Според „Football Italia“, новиот договор на фудбалерот со италијанскиот клуб ќе важи до летото 2029 година. Актуелниот договор завршува во јуни 2027 година.

Оваа сезона фудбалерот одигра 37 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и пет асистенции.

Трансфер вредноста на играчот се проценува на 80 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан