• четврток, 16 мај 2024

Нападнат лекар во Итната медицинска помош во Радовиш

Нападнат лекар во Итната медицинска помош во Радовиш

Струмица, 11 февруари 2024 (МИА) - Х.Е. (36), лекар во Итната медицинска помош во Радовиш,пријавил дека вчера околу 19 часот во просториите на Здравствен дом, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Т.Д. (53) од Радовиш.

Како што соопштија од СВР Струмица, денеска во просториите на Полициската станица во Радовиш бил извршен службен разговор со осомничениот за нападот.

За настанот бил запознат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на настанот полицијата ќе поднесе соодветна пријава. рт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан