• понеделник, 01 јули 2024

Во Берово одржана работилница ,,Крени глас против врсничкото насилство”

Во Берово одржана работилница ,,Крени глас против врсничкото насилство”

Берово, 16 мај 2024 (МИА) - Со позитивна енергија, да застанеме на патот на врсничкото насилство. Ова е главната порака од работилницата ,,Крени глас против врсничкото насилство”, која денес се организирашѕе во Берово во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Работилницата се одржа во просториите на Бизнис инкубатор во Берово и истата беше наменета, учениците од 6-то до 9-то одделение од деветолетките ,, Дедо Иљо Малешевски” и ООУ ,,Никола Петров Русински”.

-Во рамки на  интерактивната работилница,  учество зеде психолог со долгогодишно искуство со проблемот со булингот. На настанот учениците преку игри и разни форми на активности имаа можност да научат дека булингот треба да се спречи и дека секој булинг треба да се пријави, за полесно да биде спречен и да градиме општество со позитивни вредности, информираа организаторите на настанот.

Физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството, како што додадоа од деветолетката ,,Дедо Иљо Малешевско", се најчестите форми на булинг, а токму со нив, децата и младите се запознаваат во текот на едукативните средби.

-Пораката до сите е: Отворено разговарај со своите родители или наставници, со некој возрасен, во кого имаш доверба, тие ќе најдат начин да ги овозможат спокојно детство. Тоа е нивна задача, додадоа од ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски".

Во кампањата се вклучија дел од стручните служби во училиштата, како и членови на Советот за превенција од детско престапништво. Оттаму упатија благодарност до општествено одговорната компанија „Макпетрол“, кои во рамки на оваа кампања, вложуваат во секој млад човек, со цел да прерасне во индивидуа која остава свој печат на светот и го менува на подобро. вс/сст/


Фото: МИА

Остани поврзан