• недела, 22 декември 2024

Штипската населба Долна Железничка се поврзува на канализациска мрежа

Штипската населба Долна Железничка се поврзува на канализациска мрежа

Штип, 16 мај 2024 (МИА) - Почнаа градежните активности за поврзување на населбата Долна Железничка со фекална канализација. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека неколку домаќинства кои никогаш не биле поврзани со фекална канализација, со овој проект ќе имаат можност да се приклучат и да стават крај на проблемот, кој се провелкува со години.  

-Дополнително ќе се поврзат и индустриските погони кои се наоѓаат во населба Долна Железничка, а досега не беа поврзани со фекална канализација, овој проект предвидува и нивно поврзување. Ќе се работи во наредните денови и недели на завршување на овој проект, кој што е во финансиски износ од 2,5 милиони денари. Очекувам како што напоменав да се задоволи ова барање на граѓаните коешто е основен услов за домување и фукнционирање на индустријата, изјави Јорданов.

Предвидено е да се изврши замена и на секундарната примарна водоводна мрежа, која може да доведе до прекин на водоснабдувањето. Во оваа прилика, Јорданов замолува за трпение бидејќи ќе се работи на реконструкција стара 50 години.

-Замената на секундарна, примарна водоводна мрежа ќе доведе до прекини на водоснабдувањето, заради реконструкцијата што ќе се прави. Сето ова ќе предизвика проблеми во водоснабдувањето и претпоставувам нервози кај граѓаните. Замолувам за трпение затоа што се работи за реконструкција, која што е по 50 години, вели Јорданов.

Тој најави дека наредните месеци во Штип ќе се реализираат низа на проекти, а градот ќе наликува на градилиште. вдј/мд/

Фото: МИА

 
 

 

Остани поврзан