• недела, 16 јуни 2024

Гостивар: Локалниот економско социјален совет понуди решенија за сообраќајниот метеж

Гостивар: Локалниот економско социјален совет понуди решенија за сообраќајниот метеж

Гостивар, 16 мај 2024 (МИА) - Поретко користење на моторните возила, воведување на јавен превоз, изградба на згради со паркиралишта и подигање на сообраќајната култура се препораките кои Локалниот економско социјален совет ги донесе како заклучоци за подобрување на состојбата со сообраќајот во Гостивар.

На оваа тема се дискутираше на панел-дискусија со претставници на локалната власт и институции, граѓански сектор и младински организации. ЛЕСС даде попрецизна слика за состојбата со сообраќајната инфраструктура во општина Гостивар и надминување на метежот особено по градските улици.

- Овој проблем со години наназад е посочуван како приоритетен за решавање, но досега нема позначајни решенија и како што беше кажано од година во година се зголемува, рече Тафа Ахмети претседател на ЛЕСС.

Паркирањето беше посочено како еден од поголемите проблеми, а непрописно паркираните возила го попречуваат и движењето на пешаците. Тоа во одредени ситуации ја загрозува и општата безбедност.

- Тешко е да се дојде до брзо решение, бидејќи Гостивар има помалку од 900 паркинг места и околу 12 илјади регистрирани возила, вели Тафа Ахмети претседател на ЛЕСС.

Советот по дискусијата усвои и заклучоци со ќе ги поттикне локалните власти да го забрзаат градењето на катни гаражи, од кои две се во фаза на изградба. Меѓу другото, вели Ахмети ќе треба да се работи и на едукација и подобрување на сообраќајната култура на учесниците во сообраќајот.

Учесниците во дебатата напомена дека во Гостивар, сообраќајниот метеж се влошува особено во летниот период кога доаѓаат печалбарите. Во тој период отежнато се движат и возилата на противпожарната единица и брзата помош.

Панел дискусијата ја организираше Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) Гостивар во соработка со Младинскиот културен центар Битола и е дел од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ со поддршка на Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска. згм/сст/

фото МИА

Остани поврзан